More

    Измина и последниот ден на традиционалниот ,,Преспански Јаболкобер” 2022

    spot_img
    Измина и последниот ден на традиционалниот ,,Преспански Јаболкобер” 2022.
    Традиционално како и секоја година така и оваа на празникот Крстовден, заедно со колегите Градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски и Градоначалникот на Општина Преспес Панагиотис Паскалидис се откина првото зрело јаболко и официјално беше прогласен почетокот на јаболкоберот за оваа година која се надеваме дека ќе биде поуспешна, побериќетка и ќе донесе подобар пласман на нашето Преспанско Јаболко.
    Денот го заокруживме со свечениот дел и доделувањето на наградите:
    Признанието за афирмација на Ресен и Преспа преку фолклорот оваа година го доби нашиот бренд ,,КУД Таше Милошевски”.
    Признанието за придонес и залагање за продолжување на традицијата на фолклорот меѓу младите во Ресен го доби Васко Андреевски.
    Признанието за најдобар стопанственик беше доделено на Свисслион Агроплод.
    Наградата за најдобар млад овоштар ја доби Бојан Стојановски.
    Наградата за најдобра жена овоштар ја доби Ѓулшан Таири.
    Најдобар овоштар за оваа година беше прогласен Нацко Котларовски.
    Голема благодарност до сите учесници и спонзори кои помогнаа и овозможија да се реализира уште една успешна манифестација ,,Преспански Јаболкобер”.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img