More

    Измени во Кривичниот законик за цензура на новинар

    spot_img

    Се воведува затворска казна за цензура врз новинар. Се предлагаат измени во Кривичниот законик, со кои ќе се одговара за загрозување на безбедноста на медиумските работници, за спречување на вршење на должност, а за повреда на слободата на мислење и изразување, судот може да определи казна затвор во времетраење од шест месеци до пет години, објави ТВ Сител.

    Според претседателот на Здружението на новинари, потребни се прецизни дефиниции за тоа што сè ќе биде опфатено со цензурата и како да се обезбеди заштита од злоупотреба.

    ЗНМ го поздравува секој обид за унапредување на правата и слободите на медиумските работници но, се сомнева во стручноста и капацитетот на судовите за решавање на конфликти од ваква природа.

    Од Министерството за правда појаснуваат дека квалифицираниот облик на ова дело пропишува дека тој што ќе нареди или спроведува цензура или на новинар противправно ќе му ја одземе или ограничи слободата на известување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

    Исто така, со последниот став од овој член е пропишано дека со казната од ставот (3) на овој член, ќе се казни и тој што противправно ќе спречи печатење, продажба или дистрибуција на книги, списанија, новини или други печатени работи или производство и емитирање на радио и телевизиски програми, програми на новински агенции или објавување на други медиумски содржини.

    Министерството за правда предлага и проширување на опфатот на говорот на омраза, каде сега покрај национална, расна и верска, како основа за говор на омраза се додаваат и пол, род, етничка, религиска припадност, ментална, телесна попреченост, возраст или дискриминација по други основи.

    Утре е последен ден за сите заинтересирани да дадат свое мислење во врска со предложените измени за Кривичниот законик, кој е објавен на ЕНЕР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img