More

    Извештај на Светска банка

    spot_img

    Недостигот на трговска разновидност и концентрацијата на извозот ја ограничуваат улогата на трговијата во економијата на Северна Македонија, со стапки на раст континуирано под оние на ЕУ и другите земји од Западен Балкан. Доколку сака да создаде квалитетни работни места, да ја намали сиромаштијата и да го подобри животниот стандард на луѓето, економијата на земјата треба да стави поголем акцент на трговската диверзификација и отвореност, забележува меѓу другото новиот извештај на Светска банка, Стратегија за трговска политика 2.0 за Северна Македонија што беше презентиран денеска во Скопје.

    Имено, во текот на изминатите две децении, Северна Македонија, се посочува дека направи силни чекори во реформирањето на својата економија и привлекувањето странски директни инвестиции, што и помогна да го достигне статусот на земја со среден приход. Меѓутоа, денес, во услови на динамичен пазар на труд во 21 век, се додава, структурата на економијата останува главно непроменета, а трговската политика стагнира. Северна Македонија се бори со постојано високи нивоа на невработеност, а околу 18 отсто од населението останува во сиромаштија.

    – Трговијата може да биде силен мотор на раст за Северна Македонија, преку трансформација на економијата, создавање одржливи работни места и намалување на сиромаштијата. Но, за да се случи ова, на земјата и треба поотворена и разновидна трговска политика, вклучително и поголем фокус на трговијата со услуги, за да ги искористи економските придобивки, рече во видео обраќањето на презентацијата Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Северна Македонија.

    Трговската отвореност со услуги е послаба отколку за стока, што, според Извештајот, го истакнува неискористениот потенцијал за трговија со услуги, кој ќе биде клучен за трансформација на економијата кон онаа на земја со висок приход.

    Според Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан и еден од коавторите на Извешттајот, новата трговска стратегија ќе и овозможи на Северна Македонија да ја прошири својата економска диверзификација преку земјоделство, агро-бизнис, услуги и покомплексно производство, што на крајот ќе доведе до повеќе подобро платени работни места, раст и опстанок на бизнисот и намалување на сиромаштијата што е во согласност со она што Владата сака да го направи.

    Во однос на политиките на државна помош, таа нагласува дека станува збор за област каде по иницијалниот сет на политики кои што испорачаа она што можеа да го испорачаат важно е земјата да ја стави на мапата на инвестиротите и во тековните синџири на вредностите.

    Извештајот тврди дека реформите во трговската политика треба да се воведат како дел од пошироката стратегија за подобрување на деловната клима, привлекување инвестиции и зголемување на продуктивноста во економијата. Способноста на Северна Македонија да постигне поголема економска диверзификација ќе зависи од широк спектар на фактори, вклучително и политиката на конкуренција, инвестициските политики, иновациите и образовните политики.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img