More

    Избегната трагедија во ЈЗУ Општа Болница Охрид,Др. Ристо Медарски давал интравенска ампуларна терапија со поминат рок!!

    spot_img

    Избегната трагедија во ЈЗУ Општа Болница Охрид,од врз пациент била ординирана интравенска ампуларна терапија која имала изминат рок!Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид под наитно да даде одговор како во болницата со која тој раководи се ординира со ампуларна терапија со поминат рок и како таа терапија се навоѓа сеуште во болничките полици?

    Имено на ден 30-11-2022 година околу 12 часот во Уролошкото одделение при ЈЗУ Општа Болница врз лице вработено во СВР Охрид ,а кое лице имало Бубрежна Колика и болки во лева лумбална ложа,дежурниот лекар ДР Ристо Медарски кој е воедно и ново назначен Началник на уролошкиот одел во ЈЗУ Општа Болница ,ординирал интравенска ампуларна терапија со Лек -НИФЛАМ која имала рок на траење до 08-08-2022 година. За време на примената на интравенската терапија со Нифлам врз пациентот, доваѓа до несакано дејство од ампулата со изминат рок, при што доваѓа до животно загрозувачка состојба на пациентот.Лекарот кој ја ординирал терапијата со лек со поминат рок Др Ристо Медарски и ако требало да биде присутен додека пациентот ја прима терапијата, не бил во уроложкиот одел,а веднаш  на помош доваѓа Др Горан Балевски,кој од како увидел каква терапија е дадена на пациентот, преминува на итна промена на терапија.

    Од како пациентот излегол од анафилактичен шок,а и поради природата која ја работел во криминалистичката полиција,од како дознал дека истиот бил третиран со ампуларна терапија со поминат рок, веднаш ги фотографирал празните опаковки од лекот кој му бил даден , но и извршил целосно докуметирање на медицинскиот извештаји повикал Полиција.

    Од како пристигнале екипи на Криминалистичка полиција при СВР Охрид на одделот Урологија при ЈЗУ Општа Болница Охрид ,лекарот кој го третирал пациентот Др Ристо Медарски ,веднаш направил нов извештај,поточно се обидел да го фалсификува стариот извештај,а воедно и дал наредба на главната медицинска сестрана одделот Урологија ,да ги уништи сите ампули и заостанати опаковки на лекот Нифлам кој биле со поминат рок,но и да даде лажен исказ пред полициските службенци.

    По насока на Јавен Обвинител полициски службеници при СВР Охрид ги одземале опаковките на лекот Нифлам со кој бил третиран пациентот ,а истите имале поминат рок 5 месеци,ги одземале лекарските извештаи за пациентот кој го тертирал Др Ристо Медарски.

    Благодарение на присебноста на Др Горан Балевски избегната е трагедија во ЈЗУ Општа Болница Охрид, на која повторно по кој знае кој пат како предизвикувач се појавува Др Ристо Медарски..

    В.Д.Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид кој и самиот е со поминат рок на директорување,за целиот несакан инцидент известен е од страна на лекарите од Урологија има и званична пријава од лекари до него, но за жал како и вообичеено Др Асен Шајн го интересира само неговиот кабинет и директорската фотеља,но од друга страна во неколку наварти контактиран е Командирот на ПС од ОН Охрид Сашо дончевски од страна на Др Ристо Медарски и Асен Шајн со замолница полицијата да го заташкала целиот настан.Околу овој сегмент оставаме своја истрага да покрене Внатрешната контрола при МВР на РСМ,а за останатото го повикуваме Беким Сали „Мали Бујар да престане да сее смрт низ болниците во Македонија,со неговите недоквакани персонални решенија…

    Денес во ЈЗУ Општа Болница Охрид биле и испектори на ДСЗИ , кој го испитувале целиот настан.

    Сашо Денесовски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img