More

    Иванов повика да се отфрли францускиот предлог

    spot_img

    Поранешниот шеф на државата, Ѓорге Иванов во контекст на францускиот предлог, смета дека македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство, како и дека одбраната на Македонија е единствениот излез.

    „Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог. Со вакво „решение“ Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез.
    Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија“, пишува Иванов на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img