More

    Ибрахимовиќ уште една година во Милан

    spot_img

    Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се согласи да го продолжи договорот со новиот италијански шампион Милан до јуни 2023 година, јавуваат локалните медиуми.

    Според медиумските извештаи, Ибрахимовиќ ќе заработува меѓу еден и 1.5 милиони евра, но ќе има бонуси за одиграни натпревари и постигнати голови.

    Шведскиот напаѓач во октомври ќе наполни 41 година, а во моментов се рехабилитира од операција на коленото поради што ќе биде надвор од теренот до крајот на годината.

    Ибрахимовиќ изминатата сезона со Милан ја освои титулата во Серија А, придонесувајќи кон успехот со осум голови на 27 натпревари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img