More

    Зошто рогачот е идеална замена за чоколадо?

    spot_img

    Во последно време се почесто се зборува за рогачот како алтернатива на чоколадото. Имено, природната сладост на рогачот овозможува тој да биде одлична замена за какаото и производите од какао.

    Иако во индустриското производство се користи само неколку децении, рогачот не е прехранбена новина.

    Во не така далечното минато, пејачите џвакале рогач бидејќи се сметало дека ги чисти грлото и гласот.

    Рогачот (Ceratonia siliqua) е зимзелено дрво кое припаѓа на групата мешунки. Расте во медитеранската област каде што се одгледува најмалку 4000 години поради благиот и хранлив плод – мешунката. Тоа е растение кое сака суви услови, подалеку од штетници, па затоа му треба малку или воопшто не му треба прскање. Расте до 15 метри за 50 години.

    Иако првите 15 години не носи плодови, подоцна има богат род до старост. Големото дрво може да даде еден тон плодови во еден род, а цвета во септември и октомври. Како што се развива, мешунката од рогач има зелена боја, која на крајот добива темно кафеава боја. Внатре во мешунката има до 15 семки, кои наликуваат на семки од лубеница. Целиот плод од рогач, и мешунките и семките се јадат.

    Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img