More

    Зошто им е важен Чернобил на Русите?

    spot_img

    Руската војска ја презеде контролата над некогашната нуклеарна електрана во Чернобил. Ова за агенцијата Ројтерс го потврди советникот на украинскиот претседател, Мијаило Подољак.

    – Невозможно е да се каже дека нуклеарната електрана во Чернобил е безбедна откако Русите го извршија бесмислениот напад – рекол Подољак.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, уште пред да се случи рускиот напад, изјави дека „бранителите ги дават своите животи за да не би се повторила трагедијат аод 1986 година“.

    Министерството за надворешни работи на Украина исто така предупреду дека нападот на Русија врз Украина може да предизвика уште една еколошка катастрофа.

    „Во 1986 година светот беше сведок на најголемата технолошка катастрофа во Чернобил. Ако Русија ја продолжи војната, Чернобил би можел повторно да ни се случи во 2022 година“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина.

    Во Чернобил во 1986 година се случи најголемата нуклеарна несреќа во светот кога експлодираше нуклеарниот реактор, а тоа резултираше со радиоактивна контаминација ширум Европа. Електраната се наоѓа на околу 130 километри северно од Киев.

     

    Прашањето што сега се поставува е зошто некој би ја посакал нефункционалната нуклеарна електрана во Чернобил, која е опколена со радиоактивна земја?

    Одговорот е географски. Чернобил се наоѓа на најкраткиот правец од Белорусија до Киев, односно на линијата по која напаѓаат руските сили.

    Заземениот Чернобил, објаснуваат западните аналитичари, Русија ќе го искористи како најкраток пат за пристигнување до украинскиот главен град Киев.

     

    – Тоа е најкраткиот пат од точка А до точка Б – изјавил аналитичарот Џејмс Ектон.

    И поранешниот началник на американскиот Генералштаб, Џек Кин, вели дека Чернобил нема никаква воена важност, но се наоѓа на најкратката рута од Белорусија до Киев.

    – Ако Русите сакаат да го заземат Киев, тогаш Чернобил е дел од планот – изјавил Кин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img