More

    Зошто жените повеќе настинуваат од мажите?

    spot_img

    Жените обично први се жалат дека им е ладно. Зошто е тоа?

    Истражувачите веруваат дека жените поинтензивно го чувствуваат студот за да се одвојат од партнерот и на тој начин да спречат конфликти. Откриле дека оваа особина е присутна кај многу птици и цицачи, при што женките претпочитаат пријатно и топло гнездо или дувло, додека на мажјаците зимата не им пречи толку, пренесува Индекс.

    „Мажите и жените поинаку ја чувствуваат температурата. Оваа разлика не се појави за да се расправа со партнерите за загревањето, туку сосема спротивното. Од еволутивна гледна точка, целта е да се натераат партнерите малку да се оддалечат еден од друг за да можат и двајцата да уживаат во мирот и тишината“, изјави др. Еран Левин од Универзитетот во Тел Авив.

    Кај птиците преселници, мажјаците ја поминуваат зимата во постудени области од женките. Женките лилјаци обично се собираат во пријатен агол, додека мажјаците бараат место со повеќе воздух. Кај многу цицачи, мажјаците ја претпочитаат сенката, а женките сонцето, или мажјаците се искачуваат на врвовите на планините додека женките остануваат во долините.

    Студијата, објавена во списанието Глобална екологија и биогеографија, додава дека одвојувањето на мажјаците и женките ја намалува конкуренцијата за ресурси во околината и ги одбива мажјаците кои можат да бидат агресивни и да му се закануваат на потомството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img