More

    „Зошто да се збогуваме со Роналдо? Колку што знам, тој останува во Јунајтед“

    spot_img

    „Зошто да се збогуваме со Роналдо? Колку што знам, тој останува во Јунајтед“.
    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во понеделникот вечерта го одиграа последниот натпревар на домашниот „Олд Трафорд“ во сезоната 2021/2022. Со убедлив резултат го победија Брентфорд, а тој дуел беше збогување за некои играчи кои на лето ќе ги напуштат „црвените ѓаволи“, меѓу кои и српскиот играч за врска Немања Матиќ.

    На крајот од сезоната му завршува мандатот на „привремениот“ менаџер Ралф Рангник, кој ќе го наследи Ерик Тен Хаг, а многумина шпекулираат што ќе биде со легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо.

    * Први честитки, први впечатоци

    По мечот, новинарите го прашаа Рангник, кој наскоро ќе стане селектор на Австрија, што мисли за прошката на Роналдо.

    „Зошто би се збогувале со Роналдо? Тој има важечки договор и колку што знам ќе биде со нас и следната сезона“, изјави Ралф Рангник по дуелот со Брентфорд.

    Кристијано Роналдо (37) се врати во Јунајтед на почетокот на сезоната по 12-годишно отсуство од Манчестер, во кое ги носеше дресовите на Реал Мадрид и Јувентус и го „зацементира“ статусот на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбал. Неговиот договор со Јунајтед истекува во јуни 2023 година, а договорот предвидува можност за продолжување на соработката за уште една година.

    До крајот на Премиер лигата на Јунајтед ги очекува гостување кај Брајтон и Кристал Палас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img