More

    Зошто водата со цимет е најдобриот есенски сојузник?

    spot_img

    Барате целосно природен начин да ви помогне да изгубите неколку досадни вишок килограми, да се ослободите од токсините и да го подобрите целокупното здравје? Тогаш е вистинско време да почнете да пиете вода со цимет, пишува City Magazine.

    Водата со цимет долго време се препорачува како средство за слабеење, а неодамнешното истражување покажа дека има одредена вистина во тоа тврдење. Имено, во едно истражување е откриено дека циметот ја зголемува термогенезата (производството на топлина во телото) и до 20 отсто, што помага во согорувањето на вишокот калории, пишува Активни Си, а пренесува City Magazine. Познато е и дека циметот го намалува апетитот и желбата за храна и помага во контролата на внесот на нездрава храна.

    Покрај тоа, водата со цимет може да помогне за подобрување на варењето, бидејќи го стимулира производството на плунка и дигестивни ензими. Циметот, исто така, помага во разградување на мрсната храна, што ја прави полесно да се вари. Пиењето вода со цимет пред оброците може да помогне да се намали надуеноста и гасовите, како и симптомите како гадење и горушица. Покрај тоа, циметот е природен антисептик кој може да ги уништи штетните бактерии во цревата. Ова може да помогне во одржувањето на здравјето и правилното функционирање на дигестивниот систем.

    Со редовно консумирање на овој напиток, ќе го забрзате метаболизмот и ќе го намалите апетитот, што го сакаат повеќето луѓе, нели? Покрај тоа, циметот помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта, што може да спречи желба и глад. Најдоброто нешто кај овој пијалок е тоа што се подготвува многу лесно, со само две состојки – стапчиња цимет и топла вода.

    Состојки:

    500 мл вода
    1 стапче цимет или 3 прстофат цимет во прав

    Подготовка:

    Оставете ја водата да зоврие, па тргнете ја од оган и додадете стапче цимет или цимет во прав и покријте ја со фолија, па оставете ја да отстои најмалку два часа.

    По желба додадете мед или лимон и консумирајте неколку пати во текот на денот.

    Најдобро време за консумирање на овој пијалок:

    Ако сакате да ослабете, најдобро време за пиење вода со цимет е наутро, пред појадок, бидејќи тогаш вашето тело е најподготвено да согорува масти и да ослабе. Пиењето вода со цимет пред појадокот помага да го започнете вашиот метаболизам и да го започнете денот полн со енергија. Можете да го пиете и подоцна во текот на денот, околу ручек или рано навечер. Само внимавајте да не го пиете пред спиење, бидејќи циметот може да влијае на квалитетот на вашиот сон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img