More

    Зибери: Од 200 до 500 евра чини да се добие мобилен телефон на црно, преку затворскиот чувар, а зависно од тоа во каков затвор или установа лежите

    spot_img

    Од 200 до 500 евра чини да се добие мобилен телефон на црно, преку затворскиот чувар, а зависно од тоа во каков затвор или установа лежите. Ова денеска на пресконференција го откри Народниот правобранител, Насер Зибери, коментирајќи ја последната голема акција на МВР во Идризово. На прашањето дали некој ќе одговара за ова, Зибери рече дека доколку се утврди лична одговорност таа ќе биде спроведена, но дека неговата работа како правобранител е да укаже, а не да казнува.

    „Внесувањето на недозволени предмети е извршено со посредство на службени лица. Многу често тоа е со плаќање на надомест, а последната акција на МВР само ги потврди нашите сознанија. Неофицијално можам да кажам дека за внесување на мобилен телефон, службените лица бараат од 200 до 500 евра од осудениците. Во 2015 години беше посетен и КПД Тетово. Женските малолетни деца се во Идризово. Состојбата во Тетово со условите во Тетово е на задоволително ниво, има доволно простории и соодветни услови. Но, во Идризово условите се под нивото потребно за функционирање на ваков дом. Затворениците треба да бидат преместени во соодветна установа”, вели Зибери.

    За ресоцијализацијата омбудсманот рече дека не е на ниво и дека констатиран е недостиг од кадар од оваа област. За притворени лица, вели дека најголем проблем е и времето што го минуваат надвор, односно само 2 часа, додека 22 часа минуваат во затвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img