More

    Зејтинот сега чини 163 денари, сирењето и кашкавалот стануваат луксуз

    spot_img

    Уште малку ќе им заврши смената, а вработените во големите супермаркети сѐ уште не можат да постигнат и не успеваат да ги пополнат празните рафтови со производи по вчерашното „цунами“ од купувачи.

    Синоќешната гужва во маркетите беше резултат на информацијата дека од полноќ повеќе нема да важат антикризните мерки што беа воведени во март, односно дека голем дел од основните производи ќе добијат нова повисока цена.

    Зејтинот кој досега се продаваше по цена од 135 денари, сега може да се најде за цена од 156 до 163 денари, а новата цена на брашното тип 400 сега се движи од 54 до 60 денари. Шеќерот се продава по цена од 55 до 60 денари, а пакување од 10 јајца по цена од 90 до 110 денари. Повисоки цени има и кај лебот, па тешко дека некаде ќе најдете леб поевтин од 40 денари.

    Екипата на Плусинфо направи обиколка и посети неколку големи супермаркети на територијата на Општина Центар, а тоа што прво ни падна во очи дефинитивно беа „последиците“ од вчерашното масовно пазарење.

    – Цел ден се обидуваме да ги наполните рафтовите. Вчера беше неверојатен ден. Многу гужва. Многу од нас вработените што работевме прва смена моравме да останеме и втора смена за да им помогнеме на колегите. Луѓето во паника ги полнеа количките со основни производи. Најмногу се трошеше брашното, зејтинот, јајцата, сирењето, кашкавалот, шеќерот и тестенините. Ние постојано ги полневме рафтовите, а тие постојано се празнеа – ни изјави вработена во маркет.
    Направивме краток разговор и со пензионерка од Скопје која нѐ замоли да ѝ помогнеме да го пронајдеме најевтиниот зејтин.

    – Погледнете ги цените. Цената на овој зејтин беше 132 денари, а сега е 159 денари. Знаете ли колкава разлика е тоа? Можеби на голем дел од луѓето им е смешно и не се вознемируваат ако еден производ е поскап за 20 денари, ама прашајте ги пензионерите кои преживуваат со минимална пензија. Каде се лековите, каде се сметките, каде е храната? Не знам како ќе преживееме, навистина не знам – изјави разочараната пензионерка Милка од Скопје.

    Едно парче кашкавал, кој во изминатиот период го купувавме за околу 250 денари, денеска се продава за неверојатни 415 денари. Слична цена држи и белото сирење, кое е поскапено за околу 100 проценти.

    Од вчера се зголемени и цените на горивата. Цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за девет денари, а на Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и Екстра лесното масло за домаќинство. Литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 106,5 денари. Новата цена на дизелот е 95 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 93 денари.

    Зголемените цени на храната уследија откако од денеска престанаа да важат антикризните мерки со кои ДДВ-то на основните прехранбени производи беше намалено од 5 на нула проценти, а на енергенсите од 18 на 10 проценти. Се укина и ограничувањето на маржите за основните прехранбени производи. Антикризните мерки беа воведени во март со цел да се ублажат последиците од енергетската криза и да се заштити стандардот на граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img