More

    Зетот на Камчев не се чувствува како сопственик на трите стана во „Панорама“

    spot_img

    Архитектот Мето Стојчевски, сопственик на фирмата „Гема“, но и зет за сестра на бизнисменот Орце Камчев, денеска се појави како сведок на рочиштето за „Плацеви на Водно“. На минатото рочиште тој беше посочен од Камчев, како човек кој чувал три стана со вкупно 750 квадрати за Никола Груевски во комплексот „Панорама“ на Водно.

    Стојчевски рече дека Никола Груевски го познава од времето кога станал премиер, а со Сашо Мијалков се знаеле одамна, се дружеле од деца.

    Стојчевски зборуваше за фирмата „СС Инвесмент ДООЕЛ“ и рече дека таа фирма постои од 2009 година и дека била на негов пријател со кого правеле заедно згради.

    – Во 2015-2016 година Мијалков ме праша дали имам слободна фирма. По еден месец, влегов во таа фирма и му кажав на Мијалков. Ме праша дали може да се искористи за да ѝ се префрли имот. Не ми кажуваше чиј е имотот, а бидејќи инсистирав, ми рече дека е за имот на Груевски, ама дека не е важно и дека може и да не излезе ништо – сведочеше Стојчевски.
    Од тој разговор поминало подолго време кога, како што рече Стојчевски, во 2020 година му се јавил Камчев и му рекол дека треба на оваа фирма треба да се префрли удел од комплексот „Панорама“.

    – Во 2020 година, кога заврши градбата на „Панорама“, ми се јави Камчев и ми рече дека треба да се купат уделите од „Панорама“, а со парите ми рече ќе купиш станови. Тогаш „СС инвесмент“ се стекна со три стана и неколку гаражни места. Фирмата беше чиста и наменета за префрлање на уделот кој беше замолено да го префрлам. Има сопственост и уште една зграда во центарот во Скопје. Не се чувствувам како сопственик на имотот – рече Стојчевски.

    Тој објасни дека еден од становите е на сутерен, а другите два стана се на поткровје.

    – Клучевите треба да се во чуварата на „Панорама“, зашто не се предадени. Тие станови не се мои – рече сведокот, кој додаде дека на хартија тој е сопственик на фирмата, а имотот не е негов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img