More

    Зеленски ја обвини Русија за „енергетски тероризам”

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека прибегнува кон „енергетски тероризам”, затоа што руските трупи покажуваат мал успех на бојното поле.

    Како што изјави Зеленски, без струја останаа 4,5 милиони луѓе во Украина, по руските напади на енергетската мрежа, јави Би-би-си.

    – Вечерва околу 4,5 милиони потрошувачи беа привремено исклучени од напојувањето со електрична енергија – појасни Зеленски во синоќешното обраќање до јавноста.

    Според неговото мислење, тоа што руските сили ја гаѓаат енергетската инфраструктура е знак на слабост, бидејќи не успеваат да постигнат поголем напредок на линијата на фронтот.

    Изминатите недели Русија ги засили нападите врз електроенергетската инфраструктура на Украина.

    Украинските власти воведоа рестрикции во снабдувањето со електрична енергија и апелираа граѓаните да штедат струја.

    Киев и Москва продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за напади врз нуклеарната централа Запорожје. Украински „Енергоатом“ објави дека најголемата нуклеарна централа во Европа била исклучена од мрежата откако руското гранатирање ги оштетило преостанатите високонапонски водови, оставајќи во употреба само дизел генератори.

    Руската страна возвраќа откако украинските сили повторно го нападнаа Запорожје користејќи оружје добиено од Запад, што, како што беше посочено, може да предизвика глобална катастрофа.

    Москва тврди дека има докази дека Британците учествувале во неодамнешниот напад на руската Црноморска флота во Севастопол. Тие му врачија протестна нота на амбасадорот на Велика Британија.

    Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека не пронашла докази за „непријавени нуклеарни активности“ на три локации во Украина, проверени од експерти на барање на Киев, како одговор на руските наводи дека на таа територија се подготвува „валкана бомба“.

    Поддршката за Киев доаѓа од Групата седум. Од средбата во Минстер на западот на Германија, министрите за надворешни работи велат дека ќе и помагаат на Украина сè додека е потребно. Тие ги разгледуваат најдобрите мерки за поддршка за реконструкција на украинската енергетска инфраструктура.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img