More

    Зеленски тврди дека Русија повеќе ќе напаѓа зашто се плаши дека ќе изгуби

    spot_img

    Украинскиот претседател Володомир Зеленски ноќеска упати предупредување до нацијата дека престојната седмица ќе биде клучна, ништо помалку важна од претходните како и и секоја останата седмица мината во војна.

    – Ќе биде исто толку напнато, дури и уште поодговорно. Русија се повеќе се плаши. Се плаши дека ќе изгуби. Се плаши дека ќе мора да ја признае вистината – вели тој.

    Според него, руските трупи ќе се преориентираат на уште поголеми операции на истокот од нашата земја.

    – Можат да користат уште повеќе проектили против нас, да фрлаат уште повеќе бомби од воздух. Но, ние се подготвуваме за нивните постапки. Ќе одговориме. Ќе бидеме уште поактивни во обезбедувањето оружје за Украина. Ќе бидеме поактивни на меѓународната сцена. Ќе бидеме уште поактивни на полето на информациите – изјави Зеленски.

    Зеленски  ја нападна и „руската политика на невистини“.

    Тој наведе дека руските медиуми контролирани од државата имаа селективен пристап кон вистината.

    – Што прави Русија? Што прават нејзините функционери, нејзините пропагандисти и обични луѓе кои само го повторуваат она што го слушнале на телевизија? – истакна  Зеленски.

    Тој додаде дека „тие се оправдуваат себеси и негираат… лажат“.

    – И тие веќе се оддалечија толку далеку од реалноста што не обвинуваат за она што всушност го направи руската армија – наведе Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img