More

    Зеленски стравува за себе, Лондон му понуди азил

    spot_img

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека Русија го означила како непријател бр.1, а неговот семејство како цел бр.2.

    – Според нашите информации, непријателот ме означи како цел бр. 1, моето семејство, како цел бр. 2. Тие сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата. Имаме информации дека непријателските диверзантски групи влегле во Киев – рече Зеленски, објави Си-Ен-Ен.

    Тој додаде дека останува во владиното седиште заедно со останатите.

    Австрискиот канцелар Карл Нехамер Пред парламентот во Виена изјави дека Зеленски му телефонирал напладне, велејќи дека „се јавува од земја за која не знае уште колку ќе постои“.

    Зеленски, му рекол на Нехамер дека „се јавува како претседател кој не знае уште колку ќе биде жив“.

    Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека требало да стапи во контакт со претседателот на Украина пред час и половина, но дека телефонот на украинскиот лидер бил недостапен, пренесува руски „Спутник“.

    Според италијанскиот премиер, тој синоќа учествувал на вонредната седница на Европскиот совет, како и претседателот Зеленски.

    – Беше навистина драматичен момент кога стапив во контакт со Зеленски. Беше засолнет во некој дел на Киев. Тој рече дека Украина нема повеќе време, дека тој и неговото семејство се цел на инвазијата на руските сили. Ова многу влијаеше на сите учесници. Ме најде утрово и се договоривме да разговараме во 9.30 часот, но се покажа дека е невозможно, Зеленски повеќе не беше достапен – рече Драги.

    Нешто подоцна беше објавено дека авион полетал од аеродромот Жулјани во Киев, иако небото над Украина било затворено, а во градот се слушале истрели.

    Обединетото Кралство соопшти дека ќе биде подготвено да ги обезбеди потребната поддршка и азил на членовите на украинската администрација и на претседателот Зеленски доколку донесат одлука да ја напуштат земјата, изјави денеска британскиот премиер, Борис Џонсон.

    – Секако дека сме подготвени да ја обезбедиме потребната поддршка, логистичка или која било друга. Британија секогаш го правела тоа. Токму тоа му го кажав на Зеленски утринава ако тој и владата имаат потреба од засолниште – истакна Џонсон во своето обраќање пред пратениците во британскиот Парламент.

    Поради воената состојба, Украина им забрани на мажите на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата, а Зеленски нареди општа мобилизација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img