More

    Зеленски: Руски специјални служби стојат зад серијата експлозии во Придњестровје

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руски „специјалци“ стојат зад серијата експлозии во прорускиот отцепен регион Придњестровје во Молдавија.

    Придњестровје, кое граничи со Украина, беше цел на неколку напади во последните денови. Уништени две радиокули, нападната воена единица, а, како што беше соопштено, нападната е и зградата на Министерството за државна безбедност.
    Регионот, чија влада е поддржана од Москва, издаде црвено предупредување против тероризмот.

    Украина, меѓутоа, тврди дека овие операции се обид на Русија да го дестабилизира регионот и да го прошири конфликтот.

    Претходно командантот на рускиот централен воен округ Рустам Минекаев изјави дека има докази за „репресија“ на населението што зборува руски во Молдавија, што, според Би-Би-Си, е истиот изговор со кој Москва ја оправда инвазијата. на Украина.

    Во Приднестровје се стационирани 1.500 руски војници, кои досега не учествувале во војната во Украина.

    Има стравувања дека би можеле да отворат нов фронт во западна Украина или да и дадат изговор на Москва да напредува сè до Молдавија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img