More

    Зеленски подготвен да преговара за Крим

    spot_img

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за американскиот телевизиски канал Еј-Би-Си, најави можност за разговори за територијални прашања, пишува РИА. Еве што тој одговори на прашањето дали е можно да се признае Крим како дел од Русија , а ДПР и ЛПР како независни републики.

    – Можеме да разговараме за прашања поврзани со привремено окупираните територии и непризнаените републики кои никој освен Русија не ги признал, овие псевдорепублики, можеме да најдеме компромис за идната судбина на овие територии. За мене најважно е како луѓето ќе живеат на овие територии кои сакаат да бидат дел од Украина. Кој во Украина сака да ги прифати? Затоа, прашањето е многу покомплицирано од самото признавање – рече Зеленски.

    Според украинските медиуми, пак, Зеленски рекол дека се „оладил“ во врска со влезот на Украина во НАТО.

    – Што се однесува до НАТО, се оладив по ова прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Русија – изјави Владимир Зеленски за ABC.

    Помошникот на Владимир Путин, Владимир Медински , кој ја предводи руската делегација во преговорите со Украина, изрази надеж дека може да се најде решение со признавањето на Крим и Донбас. Тој објасни дека, според претставниците на Киев, „тоа е практично невозможно“, но „има голема разлика помеѓу „невозможното“ и „практично невозможното“.

    Со сличен тон, вчера, првиот човек на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека огнот во Украина може да сопре истиот момент, ако бидат прифатени руските барања за отцепување на Крим, признавање на ЛНР и ДНР како независни републики и гаранција дека Украина нема да пристапи кон НАТО или да биде членка на Европската Унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img