More

    Зеленски му одговори на Кисинџер

    spot_img

    Украинскиот претседател Володомир Зеленски повеќе пати досега повтори дека Украина нема да се откаже од својата територија, која во моментов се наоѓа под руска контрола.

    Пред неколку дена на Светскиот економски форум во Давос, поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, предупреди дека продолжувањето на воениот судир што се води меѓу руските и украинските сили, ќе предизвика колапс на Европа. Тој јавно ги повика украинските власти да ѝ отстапат територија на Русија, со цел да се обезбеди мирот.

    – Западот е должен да направи притисок врз Украина, за да продолжат преговорите со Русија, дури и во ситуација кога Киев е приморан на отстапки – изјави Кисинџер.

    Зеленски веднаш го одби предлогот на Кисинџер, велејќи дека тој е заглавен во минатот.
    – Изгледа дека календарот на господинот Кисинџер не е 2022 година, туку 1938 година, а тој мислеше дека разговара со публиката не во Давос, туку во Минхен од тоа време. Инаку, во вистинската 1938 година, кога семејството на господинот Кисинџер бегало од нацистичка Германија, тој имал 15 години и сè разбирал совршено. И тогаш никој не слушна од него дека е неопходно да се прилагоди на нацистите наместо да се бега или да се бори со нив – изјави украинскиот претседател.

    Зеленски денеска повтори дека Украина нема да потпише мир, без претходно да ги врати во владение териториите загубени по 24 февруари, кога беше започната инвазијата на руската војска.

    Инаку, советникот на Зеленски, Михаило Подолијак, прдупреди дека покрај Кисинџер, на сличен став се и неколку земји-членки на Европската Унија, кои вршат притисок врз Украина да попушти околу својот територијален интегритет.

    Последните вести од фронтот во Донбас, говорат за големата офанзива на руската војска и лошата положба во која се најдоа единиците на украинската армија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img