Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на цензурата во Русија по неговото интервју со неколку новинари.
Зеленски рече дека Москва е „исплашена“ поради новинарите кои знаат да ја кажат вистината.
„Замислете, тие беа исплашени во Москва по моето интервју со руските новинари“, рече Зеленски, цитиран од Си-Ен-Ен.
Да потсетиме, во краткото соопштение што Агенцијата за надзор на медиумите го објави на социјалната мрежа и на својата веб-страница, се наведува дека многу руски медиуми веќе го интервјуирале Зеленски.
„Роскомнадзор ги предупредува руските медиуми дека треба да се воздржат од објавување на тоа интервју“, наведува агенцијата, но не ја наведува причината зошто го објавува тоа предупредување.