More

    Зеленски им се обрати на граѓаните на Русија по синоќешното гранатирање на нуклеарната централа Запорожје од страна на руската армија

    spot_img

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните на Русија по синоќешното гранатирање на нуклеарната централа Запорожје од страна на руската армија, и им порача дека треба да им кажат на своите власти дека сакаат да живеат во земја без радиоактивна контаминација.
    Според шефот на украинската држава, како што пренесе Интерфакс Украина, нападот на руската армија врз нуклеарната централа Запорожје можел да ја запре историјата.

    – Руски народе, како може ова да се случува? Заедно се боревме со последиците од катастрофата во Чернобил во 1986 година. Мора да се сеќавате на пепелот распрскан по експлозијата. На жртвите. Мора да се сеќавате на сјајот над уништената енергетска единица. Мора да се сеќавате на евакуацијата од Припијат и зоната од 30 километри. Како можете да заборавите? А ако не сте заборавиле, не можете да молчите. Морате да им кажете на своите власти, да излезете на улица и да кажете дека сакате да живеете. Да живеете во земја без радиоактивна контаминација. Радијацијата не знае каде е границата на Русија – додаде Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img