More

    Зеленски го коментираше гранатирањето во кое загинаа најмалку 40 лица

    spot_img

    Украинската служба за итни случаи соопшти дека 25 лица сè уште се водат како исчезнати по ракетниот напад на станбен блок во Дњепар викендов, во кој загинаа најмалку 40 лица, меѓу кои три деца. Претседателот Володимир Зеленски синоќа изјави дека ова ја зголемува потребата од воена помош од Западот:

    – Она што се случи во Дњепар покажува дека Русија подготвува нови обиди да преземе иницијатива во војната и покажува дека природата на воената акција на фронтот бара нови одлуки за набавка на оружје и нагласува колку е важно да се координираат сите напори и да се забрза донесувањето одлуки на коалицијата што ја брани Украина и слободата во Украина – рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.

    Зеленски информира дека најмалку 40 лица, меѓу кои три деца, загинале во експлозијата на руска ракета што во саботата погоди зграда во Дњепар.

    Кремљ вчера негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар.

    – Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз зградата”.

    Вкупно 47 лица се пријавени за исчезнати во зградата во Дњепар, од кои 18 се пронајдени мртви, четворица се живи кај роднини или во болници, а по уште 25 се трага.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img