More

    Зеленски ги повика сите граѓани кои се подготвени да ја бранат земјата од руските сили, да истапат, а Киев ќе им обезбеди оружје

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сите граѓани кои се подготвени да ја бранат земјата од руските сили, да истапат, а Киев ќе им обезбеди оружје. Истовремено, тој го повика народот на Русија да протестира против војната во Украина.

    Зеленски денеска поднесе и предлог закон до Собранието за општа мобилизација.

    Според соопштението на Кремљ, Путин ќе одлучи колку долго ќе трае руската воена операција во Украина, во зависност од тоа како ќе напредува и од целите.

    „Од денеска нашите земји се од различни делови на светската историја. Руската држава стои на патот на злото, но многу работи сѐ уште зависат од рускиот народ. Граѓаните на Русија денеска ќе изберат на кој пат ќе застане секој од нив лично. Оние кои сè уште не ја изгубиле совеста, време е да излезат и да протестираат против оваа војна, против војната со Украина“, напиша Зеленски на Твитер.

    Претседателот ги повика Украинците да им ја кажат вистината на своите познаници за војната во Украина.

    „Почитувани граѓани, кои имаат роднини во Русија, кои имаат пријатели, новинари, кои познаваат блогери, ве молиме побарајте ги, тие мора постојано да зборуваат за тоа, тогаш Русија ќе ја знае вистината“, напиша Зеленски.

    Во меѓувреме, НАТО соопшти дека утре ќе одржи виртуелен самит за руската инвазија врз Украина, додека Алијансата најави дека се преземаат „дополнителни чекори“ за заштита на земјите-членки.

    „Одлучивме, во согласност со нашето одбранбено планирање за заштита на сите сојузници, да преземеме дополнителни чекори за понатамошно зајакнување на одвраќањето и одбраната низ Алијансата. Нашите мерки се и остануваат превентивни, пропорционални и неескалаторни“, се вели во соопштението на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img