More

    Зеленски: „втората армија на светот ќе станува сѐ помала и помала“

    spot_img

    Со зборовите дека „втората армија на светот ќе станува сѐ помала и помала“, украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видеообраќање пред нацијата го честиташе 28 октомври, денот кога Украина се ослободила од силите на нацистичка Германија. Тој не пропушти и да ја спомне денешна Русија и да каже дека „злото изгорено до темел во 1945 година, повторно се раѓа од пепелта 80 години подоцна“. Но, експертите велат дека проблемот не е во денешниот, туку во датумот што следува за недела и пол, 8 ноември.

    „Украинците се плашат од овој датум“, пишува Јутарни Лист. Тоа е датумот кога на изборите за долниот дом на Конгресот во САД, Републиканската партија би можела да ги освои мнозинството места и едноставно да ја сопре воената помош за Украина. Последните изјави на републиканскиот лидер во Претставничкиот дом сугерираат дека во американската партија не само што за прв пат има Путинисти, туку дека тие би ја сопреле помошта за да не предизвикаат нова војна во Европа.

    Украинските власти и набљудувачите со седиште во САД велат дека помошта веројатно нема значително да се намали, без оглед на исходот од претстојните избори. Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, смета дека помошта нема да биде задржана. Таков впечаток му оставиле и претходните средби со американски претставници, на кои имало и демократи и републиканци.

    – Многу сигнали укажуваа дека без разлика кој ќе биде на власт, двопартиската поддршка за Украина ќе продолжи. Верувам во тоа – изјави Резников.

    Зеленски ја искажа својата порака покрај урнат ирански дрон, фото: твитер/принтскрин

    Џон Хербст, кој беше американски амбасадор во Киев помеѓу 2003 и 2006 година, рече дека Мекарти може да е виновен за заземање политичка став во корист на неговата партија.

    – Нема сомнеж дека на популистичката, Трампова страна на партијата, постои скептицизам во однос на помошта за Украина. Дури и мало непријателство кон Украина и одредена почит кон Путиновата Русија – рече Хербст.

    Она за што аналитичарите се согласуваат е дека честа практика на средните „мид терм“ избори во САД е опозициската партија да ја преземе контролата над долниот дом на Конгресот.

    Во меѓувреме, во Европа расте загриженоста за иднината на војната.

    – Ако Америка се повлече, Путин би можел да ја извлече победата од челуста на поразот – изјави британскиот пратеник Тобијас Елвуд , член на парламентарната комисија за одбрана.

    Тој додаде дека има добри шанси по изборите да се зајакне популистичкото крило на Републиканската партија во Конгресот, но дали овој притисок ќе доведе до намалување на финансирањето е сѐ уште отворено прашање.

    Се чини дека сите овие мрачни прогнози не го предомислија Зеленски во својот говор да вели дека Украина ќе напредува велејќи дека „ракетите на непријателот на нашето небо се помалку пострашни од слушањето на химната на непријателот на нашата земја“.

    – Знаеме дека ноќта е најтемна пред зори. Знаеме дека сите напаѓачи бегаат од нашата земја на ист начин – изјави тој.

    Во деновите кои доаѓаат и Украинците и Русите се спремаат за битката за Херсон која може да одлучувачка во војната, токму како „најтемната ноќ“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img