More

    Зеленски во видео-обраќањето емитувано на наградите Греми во Лас Вегас ги повика гледачите да ги поддржат Украинците „на кој било начин

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео-обраќањето емитувано на наградите Греми во Лас Вегас во неделата ги повика гледачите да ги поддржат Украинците „на кој било начин“.

    „Што е спротивно на музиката? Тишината на уништените градови и убиените луѓе“, рече Зеленски на снимката емитувана пред настапот на американскиот пејач Џон Леџенд и украинската поетеса Љуба Јакимчук.

    „Пополнете ја тишината со вашата музика. Пополнете ја денеска, да ја раскажете нашата приказна. Поддржете нѐ на кој било начин. На кој било, но не со тишина“, рече Зеленски, облечен во темнозелена маица, на англиски јазик, со рапав глас.

    Војната избувна во Украина пред повеќе од еден месец откако руските воени сили ги нападнаа областите на север, исток и југ од земјата, раселувајќи милиони цивили и претворајќи цели градови во урнатини.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img