More

    Зеленски вели дека Русите ги нападнале и подземните тунели во Азовстал

    spot_img

    „Има многу ранети борци, но тие не се предаваат. Тие ги држат своите позиции“.

    Вака изјави вчера вечерта  украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видеобраќање, пишува Н1. Според него, рускиот напад на челичарницата „Азовстал“ ја спречил евакуацијата на преостанатите цивили.

    – Само замислете го овој пекол! Таму има и деца. Повеќе од два месеци постојано гранатирање, бомбардирање, смрт – рече Зеленски.

    Русите успеале да влезат внатре со помош на електричар кој го знаел распоредот на централата, изјави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, пренесува АП.

    – Им ги покажа подземните тунели кои водат до фабриката. Вчера, Русите почнаа да ги напаѓаат овие тунели, користејќи информации што ги добиле од предавници –  рече Герашченко во видеото објавено во средата навечер.

    Од друга страна, Кремљ негираше дека руската армија започнала офанзива на челичарницата.

    Битките за Мариупол траат и денеска. Ако Русите го освојат овој град тие ќе можат да ослободат војници за да се борат во Донбас, а притоа ќе имаат непречен копнен коридор за да пренесат храна, оружје и друга логистика.

    Евакуацијата на цивилите во челичарницата се одвива бавно. Во деветте размени на затвореници со Русија, 324 Украинци се спасени од почетокот на војната во февруари, соопшти Службата за безбедност на Украина.

    „Сето ова е постигнато како резултат на систематската и сеопфатна работа на Заедничкиот центар за претреси и ослободување на затвореници, што работи под покровителство на врховниот командант на вооружените сили на Украина – претседателот Володимир Зеленски“, се наведува во соопштението.

    Од Службата за безбедност информираа и за специјална телефонска линија за информации, наменета за пријавување незаконско лишување од слобода или заробување на нивни граѓани. Мотото на службата е „Да ги вратиме Украинците дома!“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img