More

    Зекири сведочеше против Рашковски

    spot_img

    Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери”, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

    На денешното рочиште сведочеа Горан Трајковски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и Мухамед Зекири, поранешен секретар на Владата.

    Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), според сведочењето на Трајковски, како што објави 360 Степени, пратила укажување до Генералниот секретаријат на Владата, кога на функцијата бил Драги Рашковски, за да се внимава да не се прекрши Законот за заштита на лични податоци пред набавката на софтверот за биометриска идентификација.

    – Во редовните активности на Дирекцијата, со цел превентивно дејствување во делот на заштита на личните податоци, службите редовно ги следат сите јавни огласи и во сите каде што има акцент за личните податоци. Дирекцијата издава известувања и укажувања во кои наведува органот да води посебна сметка со цел да не дојде до колизија со Законот за заштита на личните податоци – рече Трајковски, додавајќи дека такво укажување било испратено и кога се објавил тендерот за јавна набавка на софтверот.

    Покрај набавката на софтверот за биометриска идентификација, Рашковски се товари и за нелегална набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци како и исплата на хонорари.

    Мухамед Зекири, поранешниот генерален секретар на Владата, денеска во судница од позиција на сведок рече дека при примопредавање на функцијата не бил запознаен со двата софтвери – за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација, за кои се води судски процес во кој токму Рашковски е првообвинет.

    Прашан дали е точно дека како Генерален секретаријат имале право самостојно да ги носат одлуките за потребите за реализација на јавни набавки и дали е точно дека не им била потребна одлука на Владата, Зекири, како што објави 360 Степени, одговорил потврдно.

    – Од мојот кабинет проследуваа до службите на Владата и тоа ви беше проследено до вас како Обвинителство. Во одговорот пратен до вас, стоеше дека не постои одлука – рекол Зекири.

    Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”. Во истиот случај се обвинети и Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјановска за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img