More

    Здравството ќе функционира како што функционира и во изминативе 30 години и нема да се соочиме воопшто со недостиг на електрична или пак топлинска енергија

    spot_img

    Здравството ќе функционира како што функционира и во изминативе 30 години и нема да се соочиме воопшто со недостиг на електрична или пак топлинска енергија, изјави денеска министерот за здравство, Беким Сали.

    Во одговор на новинарско прашање на денешното примопредавање на донација од Исламик Релиф на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, министерот Сали информираше дека пред две недели е пуштен допис до сите јавни здравствени установи да се погрижат за минималната заштеда на електрична енергија.

    – Доколку успееме да заштедиме до пет проценти, не во виталниот дел, туку во деловите што се поддршка, како на пример ноќно осветлување на објектите, парковите, ќе оствариме минимална заштеда во целосниот систем – изјави министерот.

    Директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ изјави дека очекува да добијат доволно средства од Фондот за здравство и очекува помош од сите институции.

    – Се чувствувам обврзано да преговарам со Фондот за здравство, за да можеме да добиеме дополнителни средства. На помош треба да излезат сите институции, затоа што се работи за пациенти, за нивниот живот. Клиниката е во долгови, сметките за струја се општи со сите интерни клиники, така што не ја знаеме точната сума за нашата клиника, бидејќи се делат процентуално заедничките трошоци – додаде д-р Докиќ.

    Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска доби донација од 150 нови кислородни концентратори од Исламик Релиф од Соединетите Американски Држави, а локален партнер на проектот е хуманитарната организација „Класеј на добрината.

    – Станува збор за 150 апарати кислородни концентратори, што ќе пристигнуваат во три етапи, првата количина е веќе пристигната, втората кон октомври, а третата до крај на годината. Станува збор за комплетно нови концентратори, од кои 70 ќе бидат дистрибуирани на универзитетските клиники, а останатите во другите јавни здравствени установи – изјави Сали кој изрази благодарност до претседателот на „Класеј на добрината Неџат Илика и директорот на Исламик Релиф, претставник за Албанија и Косово, Мохамед Сулејман.

    Докиќ појасни дека овие апарати ќе помогнат подобро да се згрижат и лекуваат пациентите со респираторни заболувања, хронични и акутни болести.

    – Во последно време сме сведоци дека има се поголем број од пациентите кои после ковид добиваат фиброза и на тие пациенти ќе им бидат потребни вакви концентратори. Тоа е апарат што од амбиенталниот воздух го концентрира и создава кислород во доволно ниво за да можат пациентите да издржат во својата хронична болест и дополнително средство да биде во комбинација со неинвазивната вентилација да се спаси човечкиот живот кога респираторните функции откажуваат – додаде д-р Докиќ.

    Новите кислородни концентратори, како што истакна министерот Сали ќе може да се користат самостојно или како надополнување на апаратура на неинвазивната вентилација, потребна за респираторна поддршка на пациенти со хронични и акутни болести, како што се компликации од пневмонија, ковид и други респираторни заболувања.

    – На Клиниката во моментов нема зголемување на број на пациенти кои боледуваат од респираторни заболувања, а пикот се очекува во текот на зимските месеци. Забележано е зголемување на бројот на хоспитализации, како резултат од пост-ковид последици, фибрози на бели дробови. За една година на Клиниката за пулмологија се реализирани над 2000 амбулантски прегледи, како и 4000 контролни прегледи и 1674 хоспитализации од кои пет проценти се пост-ковид компликации – информираше тој.

    Директорот на Исламик Релиф, Мохамед Сулејман истакна дека му претставува задоволство што организацијата ја реализирала оваа донација и оти овие концентрати ќе бидат од голема помош за пациентите со пост-ковид ефекти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img