More

    Здравата навика на Бред Пит која му го дава „најчистиот уринарен тракт во Холивуд“

    spot_img

    Ако се прашувавте што јаде и пие Бред Пит за да и на 58 години и понатаму е најпосакуваниот маж на планетата – следува одговорот.

    Бред Пит деновиве повторно е во центарот на вниманието, пишува Citymagazine. Како основоположник на трендот „мажи во здолништа“ со денови е главна тема, а иако се шета по здолниште, жените сепак велат дека и на 58 години тој е најдобриот фраер во Холивуд. Иако многумина ќе речат – лесно му е кога е божји миленик со најдобриот генетски материјал на светот – вистината е дека Бред многу внимава на исхраната и се труди да негува здрави животни навики. Барем така е во последните години.

    Во првото интервју кое го даде по разводот со Анџелина Џоли за магазинот GQ, откри дека дефинитивно се откажал од алкохолот и нездравите навики ги заменил со поздрави опции. Омилените пијалоци на Бред сега се зелениот чај „Matcha“, кисела вода и сок од брусница.

    „Имам најчист уринарен тракт во цел Лос Анџелес. Тоа ви го гарантирам“, рекол Бред во споменатото интервју, алудирајќи на сокот од брусница.

    Сок од брусница во борбата против уринарните инфекции – да или не?
    Иако често слушаме дека сокот или чајот од брусница помага во лекувањето на уринарните инфекции, тоа всушност не е така. Според истражувањето објавено во списанието Clinics, брусницата нема да направи ништо повеќе за инфекција од обичната вода – ниту во лекувањето ниту во ублажувањето на симптомите.

    Стандардниот лек е антибиотик на рецепт кој понекогаш се дава како превентивна мерка за чести уринарни инфекции и е единственото познато нешто што делува на нив, додека користа од пиење сок од брусница не е докажана ниту во комбинација со антибиотици.

    „Сепак, сокот и таблетите од брусница може да го спречат враќањето на инфекцијата“, вели д-р Голдман, бидејќи брусницата содржи проантоцијанидини, хемикалии кои му даваат на овошјето црвена боја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img