More

    Зголемување на субвенцијата за оброк и на стипендиите се дел од барањата

    spot_img

    Попладнево од 16 часот пред македонското Собрание започна студентскиот протест, кој беше најавен дека ќе се случи пред неколку дена. Според информациите, протестот се одвива во мирна атмосфера, а студентите со пароли во рацете ги кажаа своите барања до надлежните институции.

    „Студентски оброк или политички облог“, „СТУДенти“, „Се тресеме од студ, не од страв“, „На гладно и на ладно не се учи“, се дел од пораките кои ги испратија студентите, а по протестот е најавена средба на студентските претставници со министерот за образование Јетон Шаќири и со пратениците предлагачи на измените на Законот за студентски стандард.

    – Бараме да се зголеми субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно. Со фактот што Македонија доживува одреден степен на инфлација, потребна е поголема финансиска и мотивациска поддршка на студентите. Реконструирање и реновирање на студентските домови – бидејќи во добар дел од нив условите се катастрофални и нечовечки. Потребно е и изедначување на стипендиите и оние студенти кои земале помала, сега да ја земаат поголемата стипендија. Исто така, многу важно барање е изземање на студентите од антикризните мерки на Владата затоа што државата не треба да штеди на студентскиот грб – изјави студентот Јован Јанев, член на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип пред почетокот на средбата во Собранието.

    Тие се незадоволни од предлогот за измени  на Законот за субвенционираниот студентски оброк, кој по реакциите се повлекува од Собранието, откако беше на дневен ред на пленарна седница закажана за в среда.

    Во Предлогот беа сменети досегашните критериуми за стекнување на правото на субвенциониран оброк, според кои студентите не треба да бидат корисници на стипендија од МОН, правото да не важи за апсолвенти и за студенти чии родители земаат плата поголема од минималната.

    – Секоја акција има реакција. Ние реагираме на начинот на кој лукаво и дрско групата пратеници од владејачкото мнозинство пробаа да го протуркаат овој Предлог-закон. Се надеваме на изнаоѓање заеднички јазик зашто сите живееме во исто општество и имаме некои заеднички интереси.  Во овој случај е потребата и можностите на студентите, затоа ние ќе се обидеме во најбрз и најдобар начин да ги задоволиме правата на сите студенти – додаде Јанев.

    Доколку не се исполнат нивните барања, рече тој, најверојатно ќе ги продолжат протестите.

    – Останува да видиме како ќе се одвиваат настаните и така би реагирале на идните потези. Главен и клучен план е да го добиеме тоа што го заслужуваме и што отсекогаш ни припаѓало – истакна Јанев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img