More

    Зголемувањето е веќе испланирано во Буџетот

    spot_img

    Зголемувањето на платите на универзитетските професори веќе е планирано во Буџетот за од септември и тоа и во оригиналниот, а стои и во ребалансот на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“.

    Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека го видел писмото кое го имаат пратено универзитетските професори и додаде дека контактираат бидејќи и тој е универзитетски професор.

    – Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и ако го погледнете буџетот тој од година во година се зголемува во однос на платите во високото образование, меѓутоа и инвестициите кои се прават и средствата кои се определуваат за образование и наука – рече Ковачевски.
    Премиерот Ковачевски посочи дека треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети во земјава и сите да бидиме свесни дека се наоѓаме во време на голема економска криза.

    – Верувам дека со професорите, со универзитетските професори ќе се изнајде решение бидејќи веќе во буџетот има планирно средства за зголемување на платите – додаде Ковачевски.

    На одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“ покрај премиерот Ковачевски присуствуваа министрите за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски и за локална самоуправа Горан Милевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img