More

    ЗГОЛЕМЕНИ Тензии во односите меѓу Србија и Хрватска од како не се дозволи ненајавена приватна посета на српскиот претседател Александар Вучиќ

    spot_img

    Одлуката на Загреб да не дозволи ненајавена приватна посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на меморијалниот простор на логорот Јасеновац ги зголеми тензиите во односите меѓу балканските ривали Србија и Хрватска, јавуваат светските агенции.

    „Дипломатските тензии меѓу балканските ривали Србија и Хрватска се зголемија денеска, откако Хрватска одби да дозволи приватна посета на српскиот популистички претседател на меморијалното место на концентрациониот логор од Втората светска војна каде што пронацистичките власти во Хрватска убија десетици илјади Срби. “ пишува АП.

    Агенцијата АФП пишува дека хрватските власти во неделата не му дозволиле на српскиот претседател Александар Вучиќ да дојде во приватна посета на „хрватскиот Аушвиц“, што предизвика нов бран на тензии меѓу двете земји, поранешни непријатели од 90-тите години.

    Двете агенции посочуваат дека хрватските власти преку „неофицијални канали“ дознале за планираната посета на логорот Јасеновац на српскиот претседател Александар Вучиќ и ја пренесуваат изјавата на министерот за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, дека хрватската влада не бил официјално информиран за посетата е „неприфатлива“.

    АП и АФП забележуваат дека „српско-хрватските односи останаа затегнати по распадот на поранешна Југославија и војната во Хрватска во 1991-95 година, која избувна кога неговото српско малцинство, со поддршка на Србија, се побуни против независноста на Хрватска“.

    АП вели дека иако двете земји ветија дека ќе работат на решавање на прашањата останати од конфликтот, како што е пронаоѓањето на исчезнатите лица, повремените дипломатски препукувања ги попречуваат повоените напори.

    Српските популистички власти инсистираат на тоа дека хрватската влада не направила доволно за да го признае своето минато од Втората светска војна, додека Загреб ја обвинува Србија дека го користи ова прашање за внатрешни политички потреби и дека одбива да одговори на сопствената улога во војната во 1990-тите, според АП.

    АФП пишува дека вкупниот број на жртви во логорот Јасеновац, главно Срби, Евреи, Роми и хрватски антифашисти, продолжува да предизвикува контроверзии во односите меѓу Загреб и Белград и варира од неколку десетици илјади до 700.000.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img