More

    Зверев ќе плати 40.000 долари зашто го кршеше рекетот

    spot_img

    Третиот светски тенисер, Германецот Александер Зверев, кој беше исфрлен од турнирот во Акапулко, откако со рекетот повеќе пати удри во судиското столче за време на дуелот во двојки, е казнет со 40.000 долари од АТП.

    На германскиот тенисер, кој на Игрите во Токио го освои златниот олимписки медал, му е одземена и заработката на турнирот во Акапулко во износ од 31.570 долари, како и бодовите стекнати за пласманот во поединечна и во конкуренција во двојки.

    – Ова претставува максимална казна за прекршоците – ја образложи АТП денеска својата одлука, додавајќи оти „дополнителна ревизија“ ќе биде спроведена во „согласност со правилата“ на АТП турнирите.

    Претходно, Зверев јавно се извини за инцидентот што го предизвика во средата и побара прошка од судијата Алесандро Германи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img