More

    Зборовите на еден човек одекнаа јако во одаите на Кремљ

    spot_img

    Само еден човек се осмелил директно да му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека ја губи војната во Украина, пишува Вашингтон пост. Анонимни извори за весникот тврдат дека се работи за Евгениј Пригожин, финансиерот на озлогласената платеничка група „Вагнер“. Пригожин, познат и како „готвачот на Путин“ е влијателен во Кремљ и според изворите ова е доказ за неговиот углед.

    Според извештајот на американското разузнавање, Пригожин му го изразил своето мислење на Путин дека руското Министерство за одбрана премногу се потпира на „Вагнер“ и дека не ѝ дава на платеничката група доволно пари и ресурси за да ја исполни својата мисија во Украина.

    Американските разузнавачи, исто така, веруваат дека токму Пригожин објавил неодамнешно видео на социјалните мрежи на кое се гледаат војниците на „Вагнер“ како се жалат на недостигот на основна храна и намирници, со намера да го искористи видеото како средство за притисок врз Кремљ да го зголеми финансирањето за неговата платеничка група.

    – Одлуката на Пригожин да се соочи со Путин е само последен знак на неговото незадоволство – изјавил американски функционер кој го прочитал извештајот на разузнавањето.
    Пригожин, пак, негираше дека воопшто му рекол такво нешто на Путин, а не го видел видеото. Кремљ исто така не ја коментираше снимката.

    Оваа информација за Пригожин стигнала и во дневниот извештај што го добива американскиот претседател Џо Бајден. Американските служби се загрижени за тензиите меѓу Пригожин и Шојгу.

    Според анонимните извори, ова покажува колку е разнишана позицијата на Русија на военото поле.

    „Пост“ потсетува дека Пригожин долго време се држел подалеку од очите на јавноста, негирајќи каква било поврзаност со платеничката група „Вагнер“, како и дека имал каква било врска со мешањето на Русија во претседателските избори во 2016 година, но дека сето тоа се променило во последните недели.

    Пригожин сега самостојно се појавува во јавноста и за прв пат призна дека раководи со групата „Вагнер“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img