More

    За 6 километри ќе се потрошат 748.000 евра од парите на ТАВ

    spot_img

    Владата во соработка со ТАВ реализира инфраструктурни проекти низ целата држава, во сите плански региони. Вкупна вредност за сите 94 инфраструктурни проекти изнесува 49,7 милиони евра. Голем дел од проектите се завршени, дел се во завршна фаза и треба да бидат реализирани оваа година, а крајниот рок за завршување на сите проекти е 2023 година, изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на општина сарај каде што беше на увид на реконструкцијата на патот што ги поврзува селата  Буковиќ – Раовиќ.

    – Со овие проекти се инвестира во комуналната инфраструктура во улици и патишта, водоснабдување, се градат мостови, се поврзуваат населени места – изјави Ковачевски.

    Тој додаде дека од само 5 позначајни проекти, вклучувајќи ја и ТАВ програмата, Владата поддржа инвестиции од над 250 милиони евра во општините

    На настанот присуствуваше и првиот потпретседател на владата Артан Груби.

    Патот Буковиќ-Раовиќ е во завршна фаза на реализација, долг е шест километри и ги поврзува двете села. Износот на инвестицијата е 748 илјади евра.

    Метин Батак, генералниот директор на компанијата „ТАВ Македонија“ рече дека овие 49,7 милиони евра се користат за подобрување и унапредување на локалната инфраструктура.

    – Со ова, ние како ТАВ, заедно со Владата и општините, создаваме општествена вредност, во корист на граѓаните. При управувањето со македонските аеродроми, со постојаната поддршка од страна на Владата и засегнатите страни и чинителите, создадовме успешна приказна рече Батак.

    Градоначалникот Блерим Беџети и се заблагодари на Владата за прифаќањето на овој проект, кој како што кажа, е многу битен за општината.

    – Овој пат беше доста руиниран и беше навистина потребно да ни се излезе пресрет за реализација на овој проектот. Локалната власт во комуникација со граѓаните ја одредува важноста на проектите и токму затоа аплициравме со овој проект. Овој пат покрај што е од важност за граѓаните, за нивниот секојдневен живот,  дополнително може да влијае и на развој на руралниот туризмот, бидејќи на мостот каде завршува патот, има доста значајна и атрактивна локација за посета – рече Беџети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img