More

    За три дена регистрирани се 147 новозаболени

    spot_img

    Министерството за здравство информираше дека во последните 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 147 нови случаи на ковид-19, пет лица ја загубиле битката со вирусот, додека како оздравени се водат 238 пациенти.

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, Кочани и Неготино – по 2, Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.

    Регистрирани сe 238 оздравени пациенти од Скопје – 135, Битола – 29, Прилеп – 13, Велес – 12,  Кавадарци – 10, Охрид и Струмица – по 6, Гостивар – 5, Куманово и Неготино – по 4, Тетово – 3, Штип и Струга – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Делчево, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.

    Во текот на изминатите 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 2 починати лица од Куманово (78) и Тетово (80). Пријавените лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (77), Битола (73) и Прилеп (65). Од нив, две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 03.04 до 19.04.2022.

    Направени се 3.722 тестови преку: ИЈЗ-143, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-53, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-69, Биотек-104, Систина-67, лабораторија Лаор-149, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност-29, Генеа-38, Никоб Лаб-339, ВФВ Медикал-37, Ели Медика Плус-26, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–40, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–12, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.273.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.011.275 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.208, бројот на оздравени пациенти е 299.302, на починати е 9.276, а бројот на активни случаи изнесува 630.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img