More

    За само две недели биле усмртени дваесетина кучиња скитници во Струмица, тврди здружение за заштита на животни

    spot_img

    За само две недели биле усмртени дваесетина кучиња скитници во Струмица, тврди здружение за заштита на животни, јави дописникот на Сител.

    Кучињата биле отруени на идентичен начин, со расфрлање отров и храна по јавните површини. Од здружението „Енимал лаверс“ се уверени дека станува збор за смислена и организирана акција и бараат надлежните институции да ги откријат и казнат сторителите.

    Кучињата се најдени во центарот на градот, а покрај нив имало остатоци на затруената храна, што е опасност и за луѓето, велат од здружението.

    Во СВР Струмица одговориле дека кај нив е пријавен само еден случај за пронајдено мртво куче од непозната раса, дека се преземаат мерки за негово расчистување, а други случаи не биле пријавени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img