More

    За Ковачевски опстојувањето на владата на Петков е внатрешно прашање на соседот

    spot_img

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за мислење во врска со најавата за излегување од владината коалиција во Бугарија на лидерот на бугарската политичка партија „Има Таков Народ“, Слави Трифонов рече дека Северна Македонија е доверлив партнер кој со преговорите бара искрено и трајно решение за членство во ЕУ.

    Според премиерот прашањето на владината коалиција на Бугарија е внатрешно политичко прашање на таа земја.

    – Ние во ниту еден момент прашањето на преговорите со Бугарија и на зачленувањето во ЕУ не го инструментализиравме, не го политизиравме еднострано и не го користиме за внатрешна политичка употреба, за разлика од другата страна која постојано ова прашање го инструментализираше, го користеше за внатрешна политичка употреба. И после пет месеци се уште ние како држава сме отворени да разговараме со претседателството на ЕУ затоа што ние сме доверлив партнер како за соседите така и за ЕУ – рече Ковачевски.

    Тој подвлече дека Владата изминатите пет месеци разговараше и нудеше решенија разменувајќи и идеи со соседна Бугарија со цел кревање на ветото и постигнување на одржлив договор кој ќе се базира на европски вредности, задржување на достоинството и на принципите на добрите соседски односи во чиј дух го имаме и договорот за добрососедство со Бугарија врз основа на кој се градат односите со оваа земја.

    – Ние сме држава која во изминатите пет години докажа дека може да ги реши сите отворени прашања со своите соседи – рече Ковачевски кој подвлече дека благодарејќи на Преспанскиот договор ние сме членка на НАТО и земја која е на чекор до отворање преговори со Европската Унија и која нема отворени прашања со сите свои соседи, освен со Бугарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img