More

    За инвестирање во кои крупни проекти се интересира Британија?

    spot_img

    Можности за влез на британски инвестици во крупни проекти од областа на енергетиката, инфраструктурата и животната средина се во фокусот на интерес на посетата на Мартин Викерс, трговскиот претставник за Западен Балкан на премиерот на ОК Борис Џонсон, кој престојува во РС Македонија и денеска оствари средба со министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Како што информира Кабинетот на Бесими, на средбата беше искажан интерес и постоење можност британски компании да влезат со грантови и како јавни-приватни партнерства во крупни проекти, што се реализираат во земјава во енергетскиот сектор, проекти од зелената енергија и зелената агенда, железничката инфраструктура, особено со акцент за регионалното поврзување во железничкиот сообраќај, како и директни странски инвестиции од британски компании при што Викерс изрази интерес и за работењето на индустриските зони во земјава.

    Министерот Бесими ги претстави Планот за забрзан економски раст и Инвестицискиот план (2022-2026) и планираните инвестиции од 8 милијарди евра, во кои може да се пронајде заедничкиот интерес на двете страни. Планот предвидува јавни и приватни инвестиции, од кои најголемиот дел се во секторот енергетика, потоа патната и железничката инфраструктура, гасната инфраструктура, преработувачката индустрија, инвестиции во јавното здравство, комунална инфраструктура, во пречистителни станици и селектиррање отпад, како и инвестиции во туризмот. Тој претсавува јасен и одлучен постковид чекор на Владата со кој се излегува од пандемиската криза и со кој се трасира патот на македонската економија, согласно светските трендови за обезбедување квалитетни услови за живот за секој граѓанин и создавање здрава зелена енергија.

    ОК алоцира околу 5 милиони фунти на билатерални и регионални проекти на годишно ниво. Меѓу другото, програмски активности се фокусираа на економскиот просперитет на земјата. Таа е меѓу најзначајните трговски партнери на нашата

    земја, позиционирана на второт место во последните три години, а вкупните директни инвестиции од ОК од 2003 до 2020 година изнесуваат скоро 400 милиони евра. Двете земји имаат склучено Договор за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија во однос на данокот а доход и данокот на капитал.

    Мартин Викерс е именуван за трговски претставник во октомври 2020 година и еден од 31 преставници со кои се опфатени 69 земји со цел да ја поддржат агендата на премиерот Џонсот во областа на трговијата и инвестициите на глобалните пазари. Неговата улога е да се заложи за проширување како во рамки на постоечките, така и во воспоставување нови односи во нови области, со посебен фокус на зелените енергии и зелената агенда, и како ОК може да ја поддржи РСМ на тој пат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img