More

    За една година испратени се 3.680 барања решавања на проблеми до Градот

    spot_img

    Скопјани за помалку од една испратиле вкупно 3.680 барања на отворената мејл адреса на Град Скопје 24@skopje.gov.mk, при што од надлежните побарале да ги решат бројните проблеми со кои се соочуваат.

    Како што информираа од Градот, најголемиот број граѓани на оваа електронска пошта побарале поставување на заштитни столпчиња на тротоарите со цел слободно и олеснето движење за пешаците, потоа, чистење на диви депонии, а испратени биле и голем број на барања за интервенција на градските инспектори по однос на несовесното постапување од страна на поединци при одлагање на комунален отпад и загадувањето на животната средина.

    – Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека на електронската адреса 24@skopje.gov.mk може да ги пријавуваат предизвиците со кои се соочуваат во средината во којашто живеат, а кои се од надлежност на Градот Скопје. Стручните служби во Градот Скопје се задолжени да одговорат на нивните барања или да ги решат во рок до 72 часа. Со тоа се овозможува брза и непосредна интервенција на терен за пофункционален град во служба на граѓаните – информираат од Град Скопје од каде што велат дека од вкупниот број на доставени барања, до сега решени се 2.830 од нив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img