More

    Захарова: Ќе преземеме мерки, Скопје работи против своите национални интереси

    spot_img

    Русија ќе биде принудена да преземе возвратни мерки по протерувањето на дипломатите од Северна Македонија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

    Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека ваквата одлука на Северна Македонија е непријателски чекор и продолжување на курсот кон „брзо распаѓање на билатералните односи со Русија“.

    – Со приклучувањето кон русофобичната хистерија што ја започна Западот, Скопје ја потврди својата подготвеност непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се спротивни на јавното расположение и се во спротивност со основните национални интереси. Ќе бидеме принудени да преземеме мерки – вели Захарова.

    Ова следува откако нашето Министерството за надворешни работи го повика Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата се посочени како непожелни и мораат да ја напуштат земјава во наредните пет дена.

    Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија подготвува декрет за реципрочни визни мерки со кои ќе се ограничи влезот на граѓаните на „непријателските земји“.

    – Во моментов се подготвува нацрт-претседателски декрет за визни возвратни мерки во врска со непријателски дејствија на голем број странски земји – рече Лавров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img