More

    Захарова повторно ѝ се закани на Литванија

    spot_img

    Одмаздата ќе биде неизбежна ако Литванија не ги повлече своите преземени чекори за блокадата на транзитот на стоки кон Калининград, остро објасни портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Таа додаде дека одговорот на Москва ќе биде не само дипломатски, туку и „практичен“.

    – Што се однесува до можните контрамерки, тие се развиваат во меѓуресорски формат. И Литванија и ЕУ се информирани преку нивните дипломатски претставништва во Москва дека таквите активности се недозволиви и дека преземените чекори треба да се поништат и ситуацијата да се врати на легален, легитимен колосек. Ако тоа не се направи, тогаш, се разбира, ќе бидат неизбежни одмазднички потези, што е нагласено на сите нивоа во Москва – рече Захарова, пренесена од ТАСС.

    – Едно од главните прашања е дали нашиот одговор ќе биде исклучиво дипломатски. Одговорот е: не! Ќе биде практичен – додаде таа.

    Портпаролката не сакаше да ја прецизира природата на практичните мерки што Русија планира да ги преземе против Литванија.

    Литванските власти на 18 јуни соопштија дека од дента ќе стапи на сила забраната за транзит на стоки под санкции на ЕУ преку нивна територија до руската енклава Калининград, а веста за забраната со видео порака ја објави регионалниот гувернер, Антон Аликанов.

    На списокот на санкции на ЕУ се јагленот, метали, градежни материјали и напредна технологија, а Аликанов кажа дека забраната ќе опфати околу 50 отсто од артиклите што ги увезува Калининград.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img