More

    Захарова: Нападот на Украина утринава „не е почеток, туку крај на војната“

    spot_img

    Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, за руската државна телевизија изјави дека нападот на Украина утринава „не е почеток, туку крај на војната“.

    – Прво, ова не е почеток на војната. Тоа е многу важно, рече Захарова. – Се обидуваме да го спречиме развојот на настани кои би можеле да ескалираат во светска војна. И второ, ова е крајот на војната – додаде таа.

    Би-Би-Си објави дека руските медиуми ја „покриваат“ окупацијата од друга перспектива. Поголемиот дел од медиумите во Русија се контролирани од државата – што на некој начин објаснува зошто телевизиските канали во земјата ја прикажуваат инвазијата како чин на самоодбрана, чија цел е исклучиво да ја исфрли војската на Украина.

    Многу канали цитираа изјава на Министерството за одбрана во која се нагласува дека се користи „високопрецизно оружје“ против локациите на украинската војска, без закана за цивилите.

    Официјалната државна телевизија „Россија 1“ го започна информативниот билтен велејќи: „Денеска Русија започна специјална воена операција чија цел е да ги заштити луѓето кои во последните осум години беа изложени на злоупотреба и геноцид од режимот во Киев“.

    Во меѓувреме, неколку портали за вести објавија куси интервјуа во регионите под контрола на бунтовниците во источна Украина со очигледно радосни локални жители. Официјалниот државен информативен канал „Росија 24“ прикажа две лица во Доњецк како разговараат со новинар.

    – Тоа е прекрасно. Нема други зборови да се опише – рече еден човек.

    – Навистина сум среќна. На ова чекавме осум години – изјави една жена.

    Во обид да се запрат обидите за дезинформирање и руската пропаганда, западните лидери повикуваат да се користат само кредибилни извори на информирање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img