More

    Захарова зборува за членството на Финска во НАТО

    spot_img

    Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред сѐ од војската, рече портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, пренесува агенцијата Тасс.

    – Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред сѐ од војската, откако ќе се земат предвид голем број фактори што ќе бидат специфични за членството на Финска во Северноатлантската алијанса – рече Захарова.

    На прашањето на фински новинар за воено-техничките мерки што Русија планира да ги преземе против Финска поради нејзината апликација за членство во НАТО, Захарова рече дека тоа би било „изненадување“.

    – Со ова прашање ќе се занимава нашето Министерство за одбрана. Ќе донесеме одлука откако ќе земеме предвид голем број фактори и детали за тоа како ќе напредува пристапот на Финска во НАТО. Одлуката ќе биде донесена врз основа на сите овие фактори, но неа пред сѐ ќе ја донесе војската – нагласи портпаролката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img