More

    Захарова вели дека е лоша идејата за испорака на нуклеарно оружје во Украина

    spot_img

    Руското Министерство за надворешни работи денеска го критикуваше предлогот на поранешниот шеф на полската дипломатија, а сега пратеник во Европскиот парламент, Родослав Сикорски, за испорака на нуклеарно оружје на Украина.

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја цитираше изјавата на Сикорски на нејзиниот профил на Телеграм: „Русија го прекрши Меморандумот од Будимпешта и затоа Западот има право да донира нуклеарни боеви глави на Украина за да ја заштити нејзината независност“.

    Таа потоа напиша дека полските политичари кои се под контрола на американскиот преносен појас, покажуваат екстремистичка идеологија, шират омраза, поттикнуваат конфликти и сега и се закануваат на планетата со кршење на режимот за неширење на нуклеарното оружје.

    – Но, најважно е што го загрозуваат полскиот народ, кој се вовлекува во нуклеарната прераспределба на светот – заклучи Захарова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img