More

    Застрелан член на филмската екипа

    spot_img

    Џони Пизаро (31), член на екипата на телевизиската серија „Закон и ред: Организиран криминал“, е убиен на снимањето на серијата во Њујорк, потврди полицијата за американските медиуми.

    Џони бил пронајден во вторникот околу 5:15 часот по локално време на станбена улица во Бруклин пред почетокот на снимањето на серијата. Тој се здобил со повеќе прострелни рани во пределот на главата и вратот.

    Тој бил пренесен во болница каде била констатирана смрт, информираат од полицијата која ја спровела истрагата. Се уште не се познати информациите за осомничените, како и мотивот за убиството, но напаѓачот наводно се приближил до возилото во кое се наоѓал Џони и пукал во него.

    На снимките од локалните вести по инцидентот, полицајците на местото на злосторството биле видени како ја фотографираат внатрешноста на црвената Honda Civic со отворена совозачка врата.

    Според портпаролот на телевизиската мрежа Ен-би-си, за време на пукањето немало снимања, па тие потврдиле дека е убиен член на нивната екипа. Работел како продукциски асистент во врска со паркирањето на сетот. Неговата задача била да се погрижи улицата да биде слободна за да може возилата поврзани со снимањето на серијата да се паркираат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img