More

    Заразени со кoрона и роднините на загинатите ја тужеа Франција, судот пресуди за нив

    spot_img

    Управниот суд во Париз со пресудата донесена вчера заклучи дека француската држава потфрлила во првичното справување со пандемијата на коронавирус.

    Судот укажа на ненабавката на доволни количини маски во пресрет на пандемијата и на советот објавен на самиот почеток дека носењето маски не носи никаква корист за општата популација, спротивно на достапните научни информации.

    Тужбата, која ги засноваше своите наоди само на периодот до мај 2020 година, ја поднесоа лица заразени со вирусот и роднини на починатиот.

    Судот ги одби барањата за отштета
    Судот, сепак, ги отфрли барањата за отштета, пресудувајќи дека нема доволно докази за директна врска помеѓу грешките направени од државата и вирусната инфекција.

    Судот, исто така, утврди дека заклучувањето и обемното тестирање не биле воведени предоцна.

    Франција беше тешко погодена од пандемијата во раните фази пред владата да воведе заклучување во средината на март 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img