More

    Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, започнува во вторник 15 ноември

    spot_img

    Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, започнува во вторник 15 ноември, информира АМСМ.

    Обврската за симска опрема која е пропишана во  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе трае  од 15 ноември годинава до 15 март следната година.

    Во овој период возилата со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg , треба да имаат  зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

    Сите  други моторни возилата со погона на четири тркалатреба да имаат зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm. или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm, ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

    Моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg , во периодот од 15 ноември до 15 март треба да имаат  зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
    Автобусите  и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата.

    Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS”, „M+S”, „M&S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

    Според Законот, полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

    Исто така, полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

    „Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член“, стои во Законот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img