More

    Заев: Го живееме секој момент со украинскиот народ

    spot_img

    Поранешниот премиер Зоран Заев попладнево преку „Фејсбук“ ја осуди агресијата врз Украина и упати поддршка до раководството на земјата и до украинскиот народ да опстои во одбраната.

    „Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ. Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст. Тие се нашите херои, а ние, нивните поддржувачи“.

    „Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината. Сите ние, Северна Македонија, НАТО, ЕУ, целиот демократски свет, стоиме исправени на страната на мирот, дијалогот и безбедноста, наспроти опасните воени и нецивилизациски агресори“, напиша Заев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img